Известување

Скопје, 8 Мај 2017
 
Почитувани, ви ја доставуваме Анализата на остварените резултати од вториот јавен повик за Проектот "Странски експерти за домашни компании" во насока на ваше информирање. Воедно би сакале да ја искористиме оваа прилика да се заблагодариме на сите компании кои учествуваа со свои одговори на прашалникот со што се овозможи детална анализа на сите аспекти поврзани со вториот јавен повик од Проектот. Во Анализата, презентирани се квантитативните и квалитативните резултати добиени како резултат на вашите одговори на прашалниците, одговорите на експертите кои ги реализираа мисиите во вашите компании, како и согледувањата и коментарите на одговорните за Проектот во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.
Согласно добиените одлични резултати и оценки за Проектот, донесена е одлука од страна на Владата на Република Македонија за објавување на нов (трет) јавен повик за Проектот, кој треба да се објави до 15 мај 2017 година, а за кој дополнително ќе ве известиме.

 

 

Со почит,
Работна група во рамки на Канцеларија на претседател на Влада на Република Македонија задолжена за проектот "Странски експерти за домашни компании"